Курти не смета дека е провокација инцидентот со Османи: Не треба да има тензии
Косовскиот премиер, Албин Курти, не знае дека како институции на државата имале став дека инцидентот на аеродромот со претседателката Вјоса Османи е провокација од Македонија. Тој верува дека случајот ќе се расветли, а не треба да предизвикува тензии.
„Несомнено претседателката на Косово, имаше тешка ситуација на 2-ри август на скопскиот аеродром, а од друга страна беше со семејството и двете мали ќерки. Органите на Северна Македонија, државниците, изразија жалење за случајот и ќе има официјален извештај кој ќе го расветли случајот во детаљи за да разбереме што точно се случило и да не се повторат вакви ситуации“, рече Курти.
Тој посочи дека Владата не може да се полиција и инспекторати, туку за тоа има соодветни институции.