Скопје

Марин: Формираме партиципативно тело за урбанизам, сѐ ќе сторам да нема градба кај Мајчин дом

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, иницира формирање партиципативно тело, во кое претставници од месните заедници, здруженија на граѓани и стручни лица од областа на урбанизмот директно ќе учествуваат во урбанистичкото планирање на општината.

„На овој начин заеднички ќе ги штитме интересите на жителите на Аеродром“, изјави градоначалникот Марин на денешната вонредна седница на Советот на Општина Аеродром, иницирана и одржана по негово барање.

На седницата се разгледуваше моменталната состојба предизвикана од носењето на ДУП И10, со посебен осврт на парцелата кај Мајчин дом.

Во изминатата година се поднесени 13 претставки за ДУП И10 до Уставниот суд, којшто до денеска нема донесено одлука за овој случај. Општина Аеродром активно соработува со судот, кадешто се доставени сите документи од интерната ревизија за овој ДУП.

По седницата на Советот, се одржа форум со граѓаните на Општина Аеродром кои ги кажаа своите ставови и предлози за ова прашање. Тие потенцираа дека треба да се најде решение за спорната парцела, но без да се загрози понатамошната работа на Општината.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток