Скопје

(Ажурирана) Вознемирувачко видео: Евтаназирана слоницата во ЗОО-Скопје: обид за тајно да се изнесе и однесе во Дрисла од директорот на Арсовска

Евтаназирана била слоницата во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според наши информации од ЗОО, и покрај тоа што евтаназирана се случило измиантиот ден, јавноста не беше известена, а постапката за исфрлање на телото во депонијата Дрисла – испланирано. Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ и тајно изнесување на слоницата.

Од снимките на „Скопје1“ ќе видите како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла. До моментот на објавување на оваа вест, немаше никакви информации од ЗОО и Градот за тоа што се случило со слоницата, а исфрлањето на телото се реализираше.

Во минатото кога жирафите угинаа, за тоа се објавуваше јавно. Но не и сега.

Сега, Зоолошката остана со еден слон. Причните за угинувањето не се познати за јавноста, ниту зошто тоа се крие од јавноста.

Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни. Во мај угина жирафата Каспер, додека крајот на ноември угина и жирафата Флопи.

Според извршената обдукција, Каспер, жирафа стара 13 години, угинала како последица на инфекцијата од бактеријата салмонела естеридис. Флопи, починала како последица на малиген тумор на епителот на жолчните канали во црниот дроб и метастази на белите дробови.

Угинале и тигрица, лемури, прежевалски коњи, црн лебед, пинвини, џуџеска коза… Поморот на животни во ова установа трае подолго време, откако за градоначалничка дојде Данела Арсовска, која до сега смени тројца директори.

ЗОО-Скопје неодамна го изгуби статусот на членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.

Кога зо Зоолошка раководеше Кристијан Стаменов беа заклани 10 коњи, со образложени дека се болни. Потоа беше поставен Драган Илиевски, а по него актуелниот, Зоран Попов. Во неговиот мандат угинаа и трите ретки пржевалски коњи, а сомнежите беа дека биле намерно отруени.

Одговорност за сите угинати егзотични животни не понесе ниту раководството на ЗОО, ниту градоначалничката Данела Арсовска која го назначува.

*видеото и фотографијата се замаглени бидејќи се вознемирувачки.

Ажурирано:

Слоницата била еутанизирана? ЗОО уште молчи додека јавноста – врие: Условите во кои живеат се бедни, најхумано би било да ја затвориме!

На почеток