Скопје

(Видео) Автобус на ЈСП со патници остана без гума, потврди директорот: едната пукнала, другата се тркалаше по Партизанска

Една гума пукнала, другата од притисокот излетала на булеварот „Партизански одреди“, посочува директорот на ЈСП, Драги Кушовски за „Скопје1“ откако објавивме снимка од која се гледа целиот инцидент. Според директорот, кога возачот увидел што се случило, одма го запрел автобусот.

Директорот посочува дека во автобусот имало неколку патници, но не и повредени. Во МВР до пладнево, инцидентот не бил пријавен.

Од снимката се гледа како гумата стотина метри се движи долж булеварот, па завршува на тротоар.

Автобусите на ЈСП станаа “распад систем”. Постојано се расипуваат, некогаш и среде булевари. Најстрашен беше примерот кога автобус влета на жардењера, а возачот сведочеше дека причината е неисправност. Изминатиот месец, два автобуси се запалија, од кои еден под Железничка, друг во Бутел 2.

На почеток