(Видео) Автобус на ЈСП паркиран, гума „лета“ низ „Партизанска“ – директорот и претпријатието молчат!
Снимка на која се гледа како автобус е паркиран среде Партизански одреди, а пред него има излетана гума, додека непосредна близина нема други возила, доби „Скопје1“. Според неофицијални информации, станува збор за уште една несреќа на ЈСП. Лицето кое ни ја прати снимката тврди дека гумата е од автобусот на ЈСП.
За потврда на оваа информација се обративме до јавното претпријатие. По теркот на градоначалничката Данела Арсовска, и тамошното раководство назначено од неа, не одговори на прашањата. Го исконтактиравме и директорот Драги Кушовски телефонски, а тој не одговори ниту на прашањата кои ги доби по СМС, ниту на повиците.
Автобусите на ЈСП станаа “распад систем”. Постојано се расипуваат, некогаш и среде булевари. Најстрашен беше примерот кога автобус влета на жардењера, а возачот сведочеше дека причината е неисправност. Изминатиот месец, два автобуси се запалија, од кои еден под Железничка, друг во Бутел 2.