„Животните живееа подобро во мандатот на Чомбе него ние денес во мандат на Данела“, напиша Миа Костова со поддршка за враќање на Галатановски во ЗОО
Дестина јавни личности, граѓани и посетители на Зоолошката градина во Скопје застанаа зад ексдиректорот Ѓорги Галетановски и неговата апликација за се врати на позицијата која извршуваше во институцијата. Пофалбите на негова сметка одат бидејќи додека тој беше директор, Зоолошката градина имаше најголем пораст на посетители, стана атракција, а во неа се вложуваа и значителни средства за анимација на младите. Меѓудругото, беа вработени и ЗОО-негователи кои со години беа надвор од институцијата, поради тоа што претходните раководители во нив не сакаа да го видат потенцијалот и љубовта кон животните.
„Госпожата во заминување да ја памтиме по барем по едно добро – спасот на ЗОО. Животните живееа подобро во мандатот на Чомбе него ние денес во мандат на Данела“, напиша познатата водителка и инфлуенсерка, Миа Костова на нејзиниот „Инстаграм“ профил.
Не изостана поддршката и од бројни музичари како Марко Мариковиќ-Слаткар, Тамара Тодевска, но и спортисти како Тамара Тодевска.
Ексдиректорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски-Чомбе, аплицирал за директорската позиција, откако градоначалничката Данела Арсовска распиша оглас. Тој за ова обзнани на „Фејсбук“. Во текот на неговиот мандат, кога градоначалник беше Петре Шилегов, Галетановски направи крупни промени во институцијата, која беше симбол на градот. Апликацијата за директор, доаѓа откако угинаа двете жирафи, евтаназиран е слонот, месецов угина и бизонот, но и орелот кој беше спасен и транспортиран таму.
„Денес на ден 13.08.2024 поднесувам документи на огласот на град Скопје за директор на Зоо Скопје. Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве но најповеќе поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир благосостојба и услови достојни за нив. Барам од градоначалничката Данела Арсовска и советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на Зоо Скопје. Подолу во коментар ќе ја објавам мојата кратка програма да ја прочитаат сите, транспарентно како што работевме до 2022“, напиша Галетановски.