(Фото) Измет пловеше низ Вардар и прашува: Каде е прочистителната станица?
Изградбата на пречистителната станица на Вардар во Скопје спасот за енормното загадување на најдолгата македонска река, низ која постојано течат фекалии. Штетите ги трпат граѓаните, особено земјоделците кои произведуваат храна преку насади. Три години откако скопската градоначалничка Данела Арсовска дојде на чело на Град Скопје, а граѓаните немаат чуено низ збор за тоа до каде е изградбата на спасот за Вардар.
Денеска, прашањето и беше поставено и јавно преку импровизиран измет кој пловеше заедно со фекалиите низ центарот на Скопје. На него, прашање: Каде е прочистителната станица?
Истото прашање, „Скопје1“ пред четири денови го испрати до новиот директор на „Водовод“, кој го назначи Данела Арсовска. Но не добивме одговор. Прашавме и зошто парите потребни за прочистителната станица не се уплаќаат, а со тоа се кочи проектот, но ниту тоа не беше одговорено.
Скопјанецот и македонски артист Марко Џамбазоски, објави снимка од која се гледа како отпадни води се влеваат во Вардар.
(Видео) Еве како градот го загадува Вардар: цела скопска канализација директно во река