Македонија

Голема тепачка избила во затворот во Шутка: Десет души натепале двајца затвореници, кои биле однесени во болница

Голема тепачка избила во затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје“ од свои извори. Според првичните информации, вербална расправија прераснала во пресметка каде 10 лица физички натепале двајца затвореници. Натепаните се однесени во болница, потврдува и новиот директор на затворот, Бобан Утковски.

Утковски за „Скопје1“ потврдува дека се употребени и предмети за да се нанесат удари на сега повредените затвореници. Според првичните информации, станува збор за држачи од кревети и вентилатори, кои имаат остри агли. Причината била поради банална вербална расправија.

„Физичката пресметка била околу 14 часот. Две лица се однесени во болница. Тие се прегледани и според досегашните информации имаат полесни повреди. По враќањето ќе бидат сместени во посебни простории“, вели Утковски за „Скопје1“.

Затворот „Скопје“ во Шутка беше мета на критики по доаѓањето на новото раководство во Управата за санкции и управната зграда. Утковски во повеќе наврати посочи дека работи на средување на состојбите и условите.

На почеток