Македонија

Делегации на СДСМ оддадоа почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Делегации на СДСМ денеска положија цвеќе на споменикот “Карпалак” во Прилеп и спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддадоа почит на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, армиските резревисти кои на 8 август 2001 година беа убиени кај месноста Карпалак.

Вечна им слава!

На почеток