Македонија

Полицискиот хеликоптер исфрли над 25 тони вода врз пожарот во реонот на Јасен

МВР: Полициските хеликоптери исфрлија над 13 тони вода, локализиран пожарот во општина Сопиште

Денеска (09.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Хеликоптерската единица за полициски намени и припадниците на Специјалната антитерористичка единица – Тигар, дејствуваа на пожарот во реонот на Јасен.

Благодарение на одличната соработка помеѓу овие две единици, со координирани дејствија од воздух и од земја, под контрола е ставен фронтот кој имаше опасност да го загрози резерватот Јасен. Во 17 циклуси на хеликоптерот Бел 412, исфрлени се над 25 тони вода.

На почеток