Македонија

ДУИ ги приватизираат настаните, не прифаќаат дека се опозиција, ги викнавме на прославата од Владата за Рамковниот, рече Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари, коментирајќи ја паралелната прослава на ДУИ за годишнината од Охридскиот рамковен договор, посочува дека тоа нивно право, но главната манифестација ќе ја прави Владата.

„Некако ДУИ секогаш имале тенденција да ги приватизираат настаните, се уште не можат да прифатат дека се опозиција, ќе им треба време, ќе се навикнат. Приватни журки и забави може секој да организира. Ние ги повикавме на утрешната манифестација на Владата. Приватни журки може секој да организира“, рече Таравари.

Според него, ДУИ ќе се навикнат да бидат опозиција.

На почеток