„Преполовено е чекањето на резултати на Радиологија, проблемот е долгогодишен“, вели директорката Николова
Квантитетот ништо не значи, ако тие не се точни, рече директорката на Институтот за радиологија, доктор Соња Николова, на прашање дали се уште се чека со месеци за читање на резултати. Според неа, преполовено е чекањето.
„Точно е дека моравме да направиме внатрешна реорганизација. Имаме проблем со кадарот, одлевање во приватното здравство, пензионирање. Се работи втора смена, викенди.. Тоа е добра волја, доста расчистивме. Чекањето во моментов не можам да кажам колку е, но е многу помалку од претходно“, рече директорката на институтот за радиологија др.Соња Николова.
Таравари пак додаде дека во Македонија се чека помалку од државите од околината.
„Ние сме тука за пациентите, и на почетокот, и на крајот од денот“, додаде др. Николова.