Спорт

(Видео) Ѓоковиќ влезе во автомобилот и се возеше низ Белград, луѓето не можеа да поверуваат дека е тој

Новак Ѓоковиќ по пречекот на балконот отиде да се забавува со српските спортисти, а во меѓувреме уште еднаш ги воодушеви фановите.

Замислете дека сте тргнале на безгрижна ноќна прошетка низ градот и во еден момент се појавил Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот тенисер на сите времиња сакаше да го почувствува духот на народот, па реши да се прошета низ градот со златниот медал.

Колку луѓето беа ентузијасти најдобро говори фактот што еден од фановите му испрати порака.

„Дојди да те бакнам брат“, рекол навивачот и за малку ќе скокнал во автомобилот.

На овој начин Новак се обиде да најде дополнителна енергија и воедно почувствува колку навистина значи неговиот медал за народот на Србија.

На почеток