Пентагон денес соопшти дека неодамна е извршен хакерски напад врз записите на одделението за одбрана, со што се загрозени личните податоци и податоците од кредитните картички на американските воени и цивилни службеници.
Со овој напад се загрозени податоците на повеќе од 30.000 службеници.
Тимот за високотехнолошки криминал, за нападот ги информирал надлежните на 4 октомври, велат од Пентагон, и додаваат дека се уште не знаат кој го извршил.