Свет

Убиецот на бугарската новинарката се враќа на местото на злосторството

Германија во следните 10 дена ќе и го испорача на Бугарија осомничениот за убиството на бугарската новинарка, Викторија Маринова, соопшти денеска германското обвинителство.

Дваесетгодишниот бугарски државјанин, Северин Красимиров делумно го призна злосторството што се случи во северниот дел од Бугарија. Негова ДНК е пронајдена на местото на убиството, на основа на што беше издаден европски налог за апсење. Тој во вторникот беше уапсен во Германија, каде побегнал.

Красимиров призна дека вербално спорел со жртвата на 6 октомври, бил под влијание на алкохол и дрога и ја удрил новинарката со тупаница по лицето. Тој рече дека потоа ја фрлил младата жена во грмушките, но не сакал да ја убие, одбивајќи ги и обвинувањата за силување.

Изјава за медиумите даде и мајката на Красимиров, која потврди дека нејзиниот син и раскажал за убиството.

Телото на новинарката Викторија Маринова, која известуваше за можна корупција во бугарската влада, беше пронајдено во близина на Дунав. Полицијата тогаш наведе дека Маринова била претепана, силувана и задавена.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток