И директорот на „Дрисла“ крена раце од Данела, а таа дели откази во Градот – избрканите спремаат тужби
Директорот на депонијата „Дрисла“, Александар Кузинаков, крена раце од директорската позиција, дознава „Скопје1“. Но истовремено, скопската градоначалничка Данела Арсовска „на големо“ дели откази низ Град Скопје, тврдат нашите извори. Тоа го прави по разни основи, известувања се закачуваат и на огласната табла. Кузинаков е вториот директор кој не сака да продолжи да ја извршува директорската позиција, откако вчера тоа го направи директорот на ЈП „Паркови и зеленило“. Кој ќе ги наследи – градот кој Арсовска го „приватизираше“, не соопштува.
Неофицијално, а во недостаток на официјални информации, дознаваме дека десетина лица останале „на улица“, откако Арсовска решила дека не сака повеќе да соработува со нив. Меѓу нив, блиски соработници, но и лица кои имале договори со Град Скопје. Тоа, според одредени информации го прави поради несогласувања, а не поради проблеми при извршувањето на работните задачи. „Скопје1“ дојде до информации дека ваквото постапување на Арсовска ќе донесе нови тужби кон градот, а со тоа и нови трошоци.
„Скопје1“ овие прашања сакаше да ги постави и утрово до Арсовска, но таа, наместо да излезе од автомобилот, кога ја виде новинарската екипа – избега со службениот „пасат“.
Претходно, таа ги разреши директорите на „Водовод“, а потоа и на „Комунална хигиена“.
Скопјани пак, нервозни. Бараат од Арсовска да поднесе оставка до петок.
„Ајде вака да ѝ дадеме можност на “дамата” Данела да биде достојна до петок 16.08.2024 да си поднесе оставка причините се повеќе од јасни, ако почнеме да ги набројуваме немаат крај, нека биде достојна нека си даде оставка, доколку не се случи тоа, неа ке ѝ се случи народ, но не партиски, напротив од незадоволството на секој еден граѓанин на Скопје без разлика на партија вера и нација“, пишува Игор Кнеле, жител на Скопје.
Скопје во мандатот на Арсовска наместо модерен – стана град со незадоволни луѓе, наместо метропола – град на заборавени жители.