🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Ковидот повторно се разгорува, 250 заразени во јули

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Повторно јавноста е уплашена од разгорување на состојбата со заразени од вирусот Ковид-19.

— реклама —

За само еден месец, или поточно во месец јули бројот на заразени лица со ковид скокна дојде до 250 или за десет пати зголемен е бројот на заразени со коронавирусот.

Иститутот за јавно здравје во јули ја регистрира и првата жртва од новиот бран на коронавирусот, иако новиот сој во земјава официјално се уште не е потврден. Во регионот и на европско копно ова лето присутен е сојот флирт,кој што според епидемиолозите е послаба варијанта на омикронот.

— реклама —

Според епидемиолозите ова е поради годишните одмори, летните журки, концерти, свадби.

Од заболените со коронавирусот во јули 2024, најголем број и тоа 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца се регистрира во Кавадарци.

Матичните лекари предупредуваат дека бројката е поголеме, бидејќи најголемиот дел од заразените не се тестираат, а доколку го сторат тоа го прават со тестовите купени во аптека.

,,Возрасната група над 60 години е најризична, исто и децата до 9 години, кај нив е забележен најголем број на инфекции. Во јули, над 60 години инфицирани биле 74 лица, а кај малите деца бројката достигнала 45 или 18% од вкупниот број. Во групата од 30-39 години регистрирани се 38 лица, во групата од 40-49 години има 35 заболени, од 50-59 има 26 заболени, а најмал број на заболени се пријавени во групата 20-29 години и 10-19 години, информираат од ИЈЗ.

Како што велат матичните лекари главните симптоми на новата варијанта се: зголемена телесна температура, кашлица, болка во зглобовите и во мускулите, затнат нос, главоболка и замор, но сè поминува за два до три дена, без посериозни последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Њујорк тајмс: Десет деца починале од ковид вакцинација, постои документ на американската Администрација за лекови

Свет | пред 2 седмици

koronavirus-korona-kovid-test

Ковидот замина од насловите, но не и од секојдневието - има болни! Нови доминантни соеви – Stratus и Nimbus

Македонија | пред 4 месеци

koronavirus-korona-kovid-test

Нов тип на коронавирус откриен во Кина

Свет | пред 9 месеци

koronavirus-korona-kovid-test

Регистрирани нови 57 случаи на Ковид: Четири лица починале

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања