Свет

Пекол во Газа: Таткото отишол во Газа за да ги земе изводите на новородените близнаци – кога се вратил дома, бебињата биле мртви

Потресни сведоштва на раселените жители на Газа: Живееме во кошмар

Новородени близнаци биле убиени во Газа додека нивниот татко бил во канцеларијата на локалната власт за да го регистрира нивното раѓање.

Асер (момче), и Ајсел (девојче) имале само четири дена кога нивниот татко Мохамед Абу ал-Кумсан отишол да ги подигне нивните изводи од матичната книга на родените, јавува Би-Би-Си.

Додека бил отсутен, му се јавиле соседите и рекле дека нивната куќа во Деир ал Балах била бомбардирана.

Во израелски воздушен напад загинаа и неговата сопруга и бабата на близнаците.

„Не знам што се случи“, рече тој. „Ми рекоа дека граната ја погодила куќата“, рекол таткото.

Би-Би-Си побара коментар од израелската војска за нападот и чека одговор.

Израел вели дека се обидува да избегне да им наштети на цивилите и за нивната смрт го обвинува Хамас, кој дејствува во густо населените области, вклучително и користење на цивилни згради како засолништа.

Но, официјалните лица ретко коментираат за поединечни случаи на израелски напади.

Неколку такви засолништа во Газа беа нападнати во последните недели.

Во саботата, во израелски воздушен напад врз училишна зграда во која се засолниле раселените Палестинци во градот Газа загинаа повеќе од 70 луѓе, изјави директор на болницата за Би-Би-Си.

Портпаролот на израелската војска рече дека училиштето „служело како активен воен објект на Хамас и Исламски џихад“, што Хамас го негираше.

Израел го оспори бројот на загинати, а Би-Би-Си не може независно да ги потврди бројките од ниту една страна

На почеток