Македонија

Избега поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани кој беше уасен и ставен во домашен притвор по потерница од Србија за воени злосторства

Потерница е распишана по поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, потврдува МВР за „Скопје1“. Оттаму посочуваат дека при проверка, не бил затекнат во домот на роднините, каде издржуваше мерка куќен притвор.

„Од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за лицето Б.Р. бидејќи во моментов е недостапно за органите на прогонот. МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Рамадани беше уапсен во Јажинце по српска потерница која беше распишана за воени злосторства во Косово. Од страна на Организацијата на воени ветерани на Косово упатен беше повик до институциите на Македонија веднаш да го ослободат Блерим Рамадани.

Кривичен пресече: Поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани од екстрадиционен се пресели во домашен притвор

Уапсен Блерим Рамадани, поранешен припадник на ОВК по потерница од Србија, Косово од македонската полиција бара ослободување

На почеток