Кривичен пресече: Поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани од екстрадиционен се пресели во домашен притвор
Кривичниот суд одлучи, Блерим Рамадани, поранешен војник на ОВК од Косово, од екстрадиционен притвор премина во домашен притвор во Скопје.
Косовскиот државјанин кој Србија го бара за воени злосторства побарал поблага мерка, а таквото барање го прифатил Кривичниот суд и му одредил куќен притвор. Одлуката судот ја донел според Законот за меѓународна соработка во кривична материја:
„Притворот заради екстрадиција се укинува кога ќе се оцени дека престанале причините поради кои е определен или во случај кога во рок од 40 дена не е доставено барање за екстрадиција“, е ставот на судот.
Според одлуката на судот, Рамадани во куќен притвор во Скопје ќе остане до 16 август.Тогаш судот ќе одлучи дали ќе продолжи со неговата екстрадиција во Србија или ќе го ослободи.
Блерим Рамадани, косовски државјанин и поранешен војник на ОВК, беше уапсен на 17 јули на граничниот премин Јажинце. Неговото апсење уследи по меѓународната потерница издадена од Србија за наводни воени злосторства на Косово во доцните 1990-ти.