(Фото) Детонации се слушале вчера од Галичица: неексплодираните гранати прават проблем за локализирање на пожарот
Неексплодираните гранати кои ги има на Галичица, го успоруваат локализирањето на пожарот од страна на десетици волонтери, припадници на реџерската служба на Националниот парк, алпинистичкиот клуб, Црвениот крст и институциите. Жителите на Трпејца посочуваат дека вчера се слушале детонации, по велат: „Претпоставуваме, доаѓаат од Галичица“.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, сподели и фотографии направени од лицата кои гаснат, од кои се гледаат неексплодираните мини.
Дополнително, ситуацијата ја усложнуваат временските услови, тоа што теренот е тешко пристапен, а истиот навлага и во зоната на букови шуми.
Доброволци и утрово заминаа на Галичица. Вклучени се и ловџии, припадници на доброволни друштва, Противпожарната бригада на Охрид.
Граѓаните вчера беа многу вознемирени од пожарот на Галичица, бидејќи се симнуваше кон охридските села. Дел од камперите на Љубаништа, си заминале во текот на вечерта поради страв дека пожарот за кратко може да се рашири.