(Видео) Се подметнуваат ли пожари во Македонија, со балони на топол воздух?
Пожарите низ Македонија кои беснеат од почетокот на летото ги вознемирува граѓаните. Веќе е јасно дека голем дел се подметнати и причината е човечки фактор. Гореа и двата национални паркови во Македонија. Поради ова, граѓаните ја преземаа улогата и на инспектори. Жител на Демир Хисар, Љубиша Стојановски, сподели снимка од која се гледа како балон на топол воздух, кој лета со помош на оган кој го одржува во воздух. Според Стојановски, така се пали нонстоп низ држава.
„Сите селани го видоа со голо око, над село дојде како љубовен балон, запален оган и директно се упати за Еврејка, и уште 3-4 во придружба. Е вака се пали нонстоп, Македонијо преземај нешто“, пишува Стојановски.
Во текот на вчерашниот ден, петок, имаше вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, 8 се под контрола и 27 се изгаснати.