(Видео) Првиот дел од снимката со закани кон патничката: „и таа госпоѓата што седи во Дубаи“ знае за состојбите!
Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, не го оправдува однесувањето на контролорот кој и се заканува на патничката, но бараше да се објави и првиот дел од снимката која му ја доставивме, а од која се слуша тоа што и го констатиравме – дека патничката не сака да плати карта и си има свои оправдувања. Но, од првиот дел на снимката се слуша и друго, а тоа се поплаките на контролорите и еден од нив вели: „Ало! Не знаете во што мука сме ние!“. Контролорите, на почетокот побарале од патничката да излезе од автобусот, но таа одбила:
Во остатокот на снимката се слуша дека контролорот низ пример објаснува дека и вработените во ЈСП плаќаат карти кога се возат, но и одговорот на девојката која посочува дека за разлика од нив, таа не вози автомобил и мора да биде во автобус без разлика на нивната состојба и доцнењето.
На крајот од снимката се слуша и како патничката бара за состојбите да бидат запознаени сите, на што контролорот вели дека сите знаат и додава: „и таа госпоѓата што седи во Дубаи“, што асоцирана градоначалничката Данела Арсовска за која нејзиниот екссоветник Умејр Мухамеди обзнани дека патувала таму а дел од трошоците ги платиле скопјани.
По барање на Кушовски, го објавуваме и првиот дел од снимката, која во вториот дел ги содржи заканите на контролорот до патничката.