(Видео) Украинците урнаа два моста во областа Курск
Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук денеска изјави дека украинските сили „кои спроведуваат операции во областа Курск“ уништиле уште еден клучен мост.
Олешук објави видео на Телеграм на кое се гледа „прецизен“ воздушен напад на мостот, пишува Киев Индипендент.
„Еден мост помалку!“, изјави тој. Иако не ја прецизираше локацијата на мостот кој е уништен, рускиот телеграмски канал Маш наведува дека се работи за мост на реката Сејм, кај Званоја.
Се соопштува и дека во нападот биле користени ракети ХИМАРС. Киев Индипендент наведува дека не може самостојно да ги потврди овие тврдења. Доколку се потврди дека мостот е уништен, тоа ќе биде втор мост урнат од украинските сили во областа Курск од почетокот на нападот врз тој руски регион на 6 август. Претходно, на 16 август беше погоден мост на реката Сејм во населбата Глушковски.
Ukrainian Air Force released footage of the strikes on the bridge near Zvannoe. The crossing is now out of operation.
Geo – 51.388135, 34.553940@GeoConfirmed @UAControlMap
Is it correct? pic.twitter.com/Cov7a3mb8C— Spotlight (@SpotlightNeedy) August 18, 2024