Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Левица: Одењето по невеста е причина повеќе ДПМНЕ да ја изгласа интерпелацијата за Гаши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6171

,,Скандал се случи викендов кога претседателот на Собранието, Африм Гаши, со службено возило и државно обезбедување одел на свадба во Косово и Метохија, а за сопствените приватни потреби го блокирал целиот граничен премин.

Функционерските привилегии се стимулатор на расипничко однесување на функционерите, без разлика дали се избрани или именувани. Нивната секојдневна злоупотреба беше извор на проблеми во претходната Влада, но истото продолжуваат да го прават и функционерите од новиот владин состав.

— реклама —

Дивеењето на коалицискиот партнер на Мицкоски и ДПМНЕ е евидентно уште од конститутивната седница! За збеснатиот Гаши, Левица веќе поднесе интерпелација во Собранието по седум точки и истата чекаме да биде ставена на дневен ред. Бланко - поддршката за избор на претседател на Собранието од редовите на ДПМНЕ останува.

Потсетуваме и дека пред само неколку недели, обезбедувањето на Гаши впери пиштол во полициски службеник на скопскиот аеродром.

— реклама —

Нагласуваме дека Левица е единствената политичка партија која во својата програма и платформа се залага за УКИНУВАЊЕ НА ПРИВИЛЕГИИТЕ за функционерите! По однос на злоупотребата на службените возила, мерките кои ги предлагаме се:

- Укинување на привилегиите, ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ и апанажите на избрани и именувани функционери, во сите нивоа на власта;

— реклама —

- Воведување специјални ЦРВЕНИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ за службените возила на државните органи, општините и јавните претпријатија;

- Воведување на задолжителни ,,GPS - ЛОКАТОРИ", со цел мониторинг на тоа кој каде и за што ги вози службените возила;

— реклама —

- Ограничување на бројот на службени возила на министерствата на максимум 3-5 автомобили и воведување лимит од максимум цена на возило.

Само со укинување на функционерските привилегии ќе се спречи нивна злоупотреба! Луксузирањето на политичарите на сметка на граѓаните не смее да биде пракса.”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци - додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library54li3rmgakmq1X1dTls

„Пет години Клиничката болница во Битола не прави спермограми - пациентите се принудени да плаќаат по 150 евра за анализа“, велат од Левица

Македонија | пред 5 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: „Врв на вмровската ароганција: со студентскиот оброк да си земат цигара, луѓето да преживеат со 10.000 денари и машки надзор врз жените“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryc7acemm09ffcftQKcUK

Левица: Во ек на хаосот со АЛТА банка, Владата на ДПМНЕ го намалува буџетот за финансиско разузнавање за 1,7 милиони денари 

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања