Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Левица: „Врв на вмровската ароганција: со студентскиот оброк да си земат цигара, луѓето да преживеат со 10.000 денари и машки надзор врз жените“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Опозициската партија Левица преку соопштение упати остри критики до претставници на власта поради нивните јавни изјави за студентскиот оброк, животниот стандард на граѓаните и положбата на жените, оценувајќи дека тие покажуваат арогантен однос кон секојдневните проблеми на населението.

— реклама —

Во соопштението се посочуваат изјавите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, за студентскиот оброк од 140 денари, како и коментарот на гувернерот Трајко Славески дека 10.000 денари неделно се доволни за граѓаните кои имаат ограничен пристап до своите заштеди во АЛТА банка.

— реклама —

Левица ги критикува и ставовите на коалицискиот партнер на власта, Петар Богојески, за машкиот надзор врз жените, оценувајќи дека таквите пораки се особено загрижувачки во услови на семејно насилство и фемициди. Во соопштението партијата наведува дека во 2025 година биле пријавени 4.745 случаи на семејно насилство.

— реклама —

Од Левица сметаат дека ваквите изјави се дел од политичката атмосфера што ја создава премиерот Христијан Мицкоски и обвинуваат дека власта ја претставува сиромаштијата како нешто што граѓаните треба да го прифатат.

— реклама —

„Левица нема да дозволи политичката елита да ја претвора сиромаштијата во доблест, обесправеноста во традиција, а понижувањето во нормален начин на живот“, се наведува во партиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library54li3rmgakmq1X1dTls

„Пет години Клиничката болница во Битола не прави спермограми - пациентите се принудени да плаќаат по 150 евра за анализа“, велат од Левица

Македонија | пред 58 минути

— реклама —
media-libraryc7acemm09ffcftQKcUK

Левица: Во ек на хаосот со АЛТА банка, Владата на ДПМНЕ го намалува буџетот за финансиско разузнавање за 1,7 милиони денари 

Македонија | пред 17 часа

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

(Видео) Мециновиќ: ДПМНЕ ја оплакува демографската катастрофа, а без ниту еден аргумент го одби Предлог-законот на Левица за станбена поддршка на младите семејства

Македонија | пред 1 ден

apasiev

„ВРЕДИ одработи за ДУИ во Брвеница, а ДПМНЕ за локалните избори одработуваше против Левица во корист на ВРЕДИ во Струга, Тетово и Гостивар“, велат од Левица

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања