Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„ДПМНЕ го поскапи парното за речиси 20% за една година и ги зави граѓаните во сиромаштија“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 минути -

Македонија
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левиц преку соопштение реагира на најавеното трето поскапување на парното греење во рок од една година, оценувајќи дека со предложеното зголемување од 7,5 проценти, вкупниот раст на цената ќе достигне речиси 20 проценти.

— реклама —

Од партијата ја обвинуваат власта на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски дека не ги исполниле ветувањата за поевтина енергија. Во реакцијата потсетуваат дека во 2024 година биле најавувани пониски сметки, во мај годинава можност за намалување на цената на струјата, а во август било уверувано дека нема да има поскапување. Според Левица, веќе во ноември почнале најавите за повисоки цени.

— реклама —
— реклама —

Партијата оценува дека новото поскапување дополнително ќе ги оптовари семејните буџети, особено во услови на раст на цените на прехранбените производи и синдикална кошничка што надминала 70.000 денари.

— реклама —

Левица бара Владата да го спречи најавеното зголемување на цената на парното и да преземе мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Од партијата порачуваат дека семејните буџети не треба да бидат товар за, како што велат, неуспесите на владината енергетска политика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarycmgpv65mgs0jajH1QP3

(Видео) Левица: Повторно исклучена струјата на факултети на УКИМ, без електрична енергија и студентскиот дом „Стив Наумов“

Скопје | пред 17 часа

— реклама —
apasiev

„Додека народот пресметува дали има за леб, Владата пресметува уште колку може да не презема ништо“, вели Левица

Македонија | пред 1 ден

media-library3vbsh2bl1e342Bgqyoh

„Сопругата на Роберт Вељановски избрана за надзор над прислушувањето“, Левица обвинува за непотизам

Македонија | пред 2 дена

Levica

Левица: ДПМНЕ ги одби предлозите за поддршка на домашното стопанство, железницата и заштита на природата

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања