Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Пет години Клиничката болница во Битола не прави спермограми - пациентите се принудени да плаќаат по 150 евра за анализа“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library54li3rmgakmq1X1dTls

Пациентите од Битола и околните општини повеќе од пет години не можат да направат спермограм во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, поради што се принудени да патуваат во други градови или да ги користат услугите на приватни лаборатории, соопшти Левица.

— реклама —

Според информациите што граѓаните ги доставиле до партијата, анализата може да се направи во државни здравствени установи во Охрид и Прилеп, додека во приватните лаборатории чини околу 150 евра.

— реклама —

Од Левица посочуваат дека недостапноста на оваа здравствена услуга претставува дополнителен товар за паровите кои се соочуваат со проблеми со плодноста, особено за оние кои се подготвуваат за инвитро-оплодување, бидејќи анализата може да треба да се повторува повеќепати.

— реклама —

Партијата ја поврзува оваа состојба со падот на наталитетот во Македонија и со апелите на Владата за поттикнување на повеќедетни семејства, оценувајќи дека граѓаните истовремено се соочуваат со недостапни здравствени услуги и дополнителни трошоци.

— реклама —

Левица бара од Министерството за здравство и раководството на Клиничката болница во Битола да ги утврдат причините поради кои анализата не се изработува повеќе од пет години и да обезбедат опрема, стручен кадар и услови за повторно воведување на услугата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: „Врв на вмровската ароганција: со студентскиот оброк да си земат цигара, луѓето да преживеат со 10.000 денари и машки надзор врз жените“

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryc7acemm09ffcftQKcUK

Левица: Во ек на хаосот со АЛТА банка, Владата на ДПМНЕ го намалува буџетот за финансиско разузнавање за 1,7 милиони денари 

Македонија | пред 17 часа

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

(Видео) Мециновиќ: ДПМНЕ ја оплакува демографската катастрофа, а без ниту еден аргумент го одби Предлог-законот на Левица за станбена поддршка на младите семејства

Македонија | пред 1 ден

apasiev

„ВРЕДИ одработи за ДУИ во Брвеница, а ДПМНЕ за локалните избори одработуваше против Левица во корист на ВРЕДИ во Струга, Тетово и Гостивар“, велат од Левица

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања