Скопје

(Видео) Владата уште позагрижена за Скопје по средбата со Арсовска

Владата е уште позагрижена за Градот Скопје по средбата со градоначалничката Данела Арсовска. Министерот за локална самоуправа Златко Пирински, посочи дека Владата можела да стои на страна и да не прави ништо, но посочија дека сакаат да му помогнат на Градот.

„Сега сме уште позагрижени од пред состанокот. Сметавме дека од страна на Градот ќе чуеме за некакви реални потреби за планот да се реализира. Не чувме ништо конструктивно. Очајна е состојбата во Градот и јавните претпријатија. Заклучокот е дека препреките се тоа што нема никаква комуникација помеѓу советничките групи. Градоначалничката кажа до крајот на неделава да состави некаков план. Нашите очекувања не се големи. Тој план ќе го покаже на советниците. Ќе видиме какви потреби има“, рече Пирински.

Тој додаде дека Владата сакала да помогне и во ЈСП зошто за десетина дена ќе има голем проблем. Но од ова ништо. Посочи дека спремни се да помогнат согласно законските ингеренции.

„Очекувавме план и ние. Не добивме. Освен критика кон советот, која е неоснована според мене. Камен на сопнување беше зошто не се гласаат одлуките. Но тие не кочат ништо. Комунална собира смет зошто законска надлежност им е тоа. Нема потреба од јавен оперативен план“, рече Перински.

На почеток