Скопје

(Видео) Од Арсовска не било побарана оставка во Влада, но има најава за можна кривична одговорност

Владата не побарала од Данела Арсовска да замине од градоначалничката функција, а министерот за локална самоуправа, Златко Перински најави дека како граѓанин можеби ќе поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување од страна на градската мајка.

„Состанокот беше во конструктивна насока, да ги решиме проблемите. Јас сметам дека тоа е едно од решенијата на проблемите. Но меѓутоа, мене ми треба ад-хок решение, системско. Ние имаме проблем во девет јавни претпријатија, кородиран е системот. Но за тоа треба некој да сноси одговорност, но не е мое јас да кажам“, рече Перински.

Тој на прашање од „Скопје1“ кажа дека како граѓанин, ќе размисли за да побара законска одговорност пред правосудните органи.

„Можеби како граѓанин на Скопје – да“, рече Перински на прашањето дали ќе поднесе кривична пријава, па додаде: „Не како министер. Стојам зад тоа што го говорам. Ако го отворите Кривичниот законик, ќе сфатите за што зборувам“.

На почеток