Скопје

Данела Арсовска конечно утре на прес ќе одговара на новинарски прашања

Утре во 11 часот ќе се одржи прес конференција во град Скопје. Денеска, по средбата во Влада, Арсовска на прашање на Скопје1, рече дека по средбата ќе одговори на новинарски прашања или во Влада или во градот. Сепак реши да преспие и пресот е закажан за утре.

По долго молчење и криење од јавноста скопската градоначалничка ќе треба да даде одговори за хаосот во градот, но и за четириесетината директорски смени кои уште повеќе ја влошија состојбата.

Денешната средба со премиерот и министерот дојде на барање на Арсовска која на средбата дојде без предлози и план. Тоа ќе го сторела до крај на неделава. Владата не побарала оставка, но остава можност за покренување прашање за кривична одговорност на Данела Арсовска.

На почеток