Скопје

Две лица учествувале во убиството кое утринава се случи кај Мавровка, убиениот е бизнисмен

Продолжува увидот и истрагата за убиството кое утринава се случи кај Мавровка.

Според нефоцијални информации убиениот е сопственик на фирма, сознава Скопје1.

За убиството се осомничени две лица, кои по извршеното убиство избегале во различни правици. Засега останува непознат мотивот, а десетици екипи на МВР веќе собираат оператини информации за расчистување на случајот

Возилото од кое е пукано е пронајдено на сред улица во оппштина Гази Баба.
Автомобилот што се користел за убиството е со белгиски регистарски таблички.

Се очекуваат официјални информации од МВР. Во потрагата е вклучен и полициски хеликоптер.

Screenshot


Фото Принтскрин/Видео/Тв21

На почеток