Скопје

(Видео) „Не е моја работа!“ – Арсовска не знае каде заглави прочистителната станица, ниту дали е платена, а е надлежност на Водовод

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не знае до каде е реализацијата на проектот за прочистителната станица која треба да го спаси Вардар од фекалии, кој го спроведува „Водовод“, претпријатие под нејзина контрола. Иако за ова не и треба Советот, туку одлуките ги носи сама со директрот кој го назначува, сепак, скопјани не гледаат ни „п“ од пречестителната станица. Неофицијално, „Скопје1“ има информација дека се е стопирано бидејќи е се платени парите.

„Јас во делот на трансакции не можам да кажам, не е моја работа, не сум упатена. Извештаи добиваме од страна на Водовод“, вели Арсовска, па на прашање од „Скопје1“ дали ќе се согласи дека не е платена, таа вели: „Не би знаела сега јас да кажам нешто што не е моја ингеренција, моја надлежност, нити пак искрено да ви кажам треба да го коментирам. Нашата насока е по извештаите од Водовод, а во првата година не ги добиваме, да се информираме за текот на работите“.

На коментарот од „Скопје1“ дека нејзе не ја интересира до каде е пречистителната станица, Арсовска одговори: „Вие може да карикирате и манипулирате, јас не сум кажала дека не ме интересира, туку дека не можам да давам паушани изјави на кои прецизен одговор ниту имам, ниту сум побарала“.

На почеток