Македонија

Дамева давала предлози кај Мицкоски како да ја вратат довербата во судството

Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, која траеше помалку од час, кажа дека дала конструктивни предлози за враќање на довербата на судството. Иако новинарите инсиситираа да каже кои се тие предлози, Дамева не даде одговор. Според неа, тие прашања ќе ги одговара кога ќе биде во Судскиот совет.

„Средбата беше иницирана од Судскиот совет, з дадеме конструктивни предлози за враќање на довербата во судството. Судската и извршната власт сметам дека не треба да се гледаат како соперници, туку како соработници, бидејќи таа институционална соработка е важна за наредните резултати. Граѓаните заслужуваат, а ние треба да обезбедиме правна држава. А тоа може да се стори со меѓуинституционална соработка и преземање дејствија во рамки на својата надлежност“, вели претседателката Весна Дамева.

Според нејзе, странците, кажале што треба да се прави со Судскиот совет.

„Целосната имплементација дадени во извештајот на оценската мисија зависи од сите нас. Судскиот совет ги имплементира тие препораки. Главен патоказ ни се толку препораките од оценската мисија“, додава Дамева.

На почеток