(Видео) Украина: Погодивме моќен ракетен систем во Русија
Украинските сили синоќа ја погодија позицијата на моќниот руски противвоздушен систем С-300 во близина на Новошахтинск во руската Ростовска област, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили. Експлозии беа регистрирани во целните области. Се утврдува точноста на штрајкот, се вели во извештајот на Генералштабот, без да се наведат детали за последиците.
На социјалните мрежи се појави и видео снимка направена синоќа во Ростовската област, на која наводно се гледаат последиците од украинскиот напад врз системот С-300.
Да потсетиме, властите во Ростовската област утринава известија за соборување на украинска ракета во западниот дел на регионот. „Според прелиминарните податоци, нема жртви или штети од паѓање на остатоци“, објави гувернерот Василиј Голубев на својот канал Телеграм. Русија обично не ги коментира своите воени загуби по украинските напади.
Новошахтинск се наоѓа во северозападниот дел на Ростовската област, приближно 60 километри северно од Ростов-на-Дон и околу 15 километри источно од украинската граница и помалку од 200 километри од линијата на фронтот.
С-300 е ракетен систем земја-воздух од советската ера дизајниран првенствено да пресретнува воздушни цели на долг дострел. „Треба да се напомене дека руските сили користат и системи С-300 за да ги напаѓаат украинските градови, да уништуваат станбени згради и да го тероризираат цивилното население“, соопшти украинскиот Генералштаб.
The strike of Ukrainian Defense Forces on an S-300 air defense position near Novoshakhtinsk, Rostov region of Russia – Ukrainian General Staff.
"A missile flew in, blew up the air defense," people in the video say. pic.twitter.com/7BYm9X9CJ6
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 21, 2024