Брнабиќ: Литиумот е прашање на национална безбедност
Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ денеска изјави дека литиумот, односно неговото ископување е „прашање на националната безбедност“. Брнабиќ за телевизијата Пинк изјави дека во иднина кој има литиум ќе одлучи кому да ја продаде рудата.
„Кој има литиум ќе одлучи кому ќе го продаде тој литиум, во однос на тоа на кого ќе му продаваат батерии, тој ќе одлучи за цената на таа суровина“, рече таа. Нема да има извоз на литиум, мора да дојдете во Србија“, рече Брнабиќ.
Таа повтори дека компанијата Рио Тинто во Србија ја донела претходната влада, предводена од Демократската партија.
Брнабиќ изјави и дека оние што денеска протестираат против ископувањето литиум сакаат да го запрат развојот на Србија, дека утре ќе протестираат против „5G мрежата, биотехнологијата и вештачката интелигенција“ и дека ќе бараат „затворање на научно-технолошките паркови“.
Во врска со тоа што Српската напредна партија се залага за отворање на рудници за литиум во Србија, Брнабиќ рече дека „СНС е најдобрата партија во историјата на Србија“, дека е „оригиналната партија на српскиот народ“ и дека таа се гордее што е нејзин член.