Свет

Пукање во гимназија во Босна и Херцеговина: Има мртви и ранети

Три лица загинаа, а едно е тешко повредено во престрелката што утрово се случи во Гимназијата во Сански Мост.

Оваа информација за „Ослобоѓење“ ја потврди Аднан Бегановиќ, портпарол на МУП на УСК.

„Засега можам да потврдам дека во Гимназијата било употребено огнено оружје, три лица загинале, а едно е тешко повредено. Сите други детали ќе бидат познати по истрагата“, изјави Бегановиќ.

Според првите информации, помошник во тоа училиште, наводно влегол со оружје и отворил оган врз професорите кои во тој момент имале состанок.

Како што пишува Аваз.ба, осомничениот за криминал се обидел да си пресуди по делото.

„Пукањето се случило во 10:15 часот. Мажот Н.Н. со автоматско огнено оружје уби тројца вработени во училиштето. После тоа најверојатно се обидел да се пресуди и се здобил со тешки повреди. полицијата е на терен“, изјави портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон.

На почеток