Свет

Вработен во гимназијата во Сански Мост пукал со автомаска пушка: Убиени се директорот, секретарката и една професорка

Три лица загинаа, а едно е тешко повредено во престрелката што утрово се случи во Гимназијата во Сански Мост.

„Пукањето се случило во 10:15 часот. Мажот Н.Н. со автоматско огнено оружје уби тројца вработени во училиштето. После тоа најверојатно се обидел да се пресуди и се здобил со тешки повреди, полицијата е на терен“, изјави портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон.

Вработениот влегол во гимназијата вооружен со автоматска пушка и почнал на пука.

Вооружен вработен го убил директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ.

Телата на убиените се пренесени во Здравствениот дом Сански Мост, полицијата е на местото на злосторството. Убиецот неофицијално е вработен во училиштето М.В.

На почеток