Свет

Сторителот на убиството во гимназијата во Босна и Херцеговина бил помошен работник во училиштето, мотивот бил несогласувања со убиените

Во вооружен напад во Мешовитата гимназија во Сански Мост загинаа три лица.

Според информациите убиени се директорот на оваа образовна институција Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ.

Мотивот наводно се одредени несогласувања кои постоеле и претходно бидејќи убиените биле дел од комисијата која го суспендирала М.В., пишува Независне.

Сторителот на убиството е помошен работник во училиштето, односно чувар. Откако го извршил убиството се обидел да се самоубие. Во таа прилика си нанел тешки телесни повреди и бил пренесен во Универзитетско-клиничкиот центар на Република Српска во Бања Лука.

Според последните информации, здравствената состојба на сторителот на убиството е стабилна.

Освен четворицата, не би требало да има други повреди.

На почеток