Помагачот на убиецот на скопјанецот кај Мавровка сам се пријавил во станица – сега е во ПС Кисела Вода
Од
Објавено на
Сам се пријавил во станица осомничениот помагач на убиецот на скопјанецот кај Мавровка на паркинг, дознава “Скопје1”. Според нашите извори, лицето е во полициската станица во Кисела Вода.
Ова доаѓа откако убиецот беше спроведен во суд и му се одреди притвор. Во Шутка ќе остане 30-дена. Двете лица се роднини. Обвинителство сподели детали.