Скопје

Доделени 37 ваучери за новороденчиња во Општина Кисела Вода

Денес секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски додели нови 37 ваучери за новороденчиња, од кои 16 се за женски деца и 21 за машки.

Општината еднократната парична помош која е во висина од 6000 денари ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија.

За добивање на ваучер заинтересираните потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Барањата треба да се поднесат во рок од 90 дена од моментот на раѓање на детето.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток