Скопје

Силјановска на покана од студентите ги виде условите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Гордана Силјановска Давкова на својот фејсбук профил објави фотографии од студенскиот дом „Гоце Делчев. Таа напиша дека стидентите ја поканале, со цел да ги види условите во кои што живеат.

Еве што напиша Силјановска Давкова:

„Студентите обично ги среќавам во нашиот заеднички дом: универзитетот! Вчера ме поканија во нивниот втор дом, студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да ги видам условите во кои живеат и учат кога не се во училницата. Насмевките и поддршката од овие луѓе се должи на нивниот оптимизам и желба да се борат за подобра Македонија во држава која ќе ги цени нивните способности и резултати. Она што не се гледа на фотографиите се тешките услови за студирање, нискиот студентски стандард и сето она што ги оптоварува младите денес. Им благодарам за убавите часови поминати со нив во кругот на студентскиот дом и во кафе-ресторанот „Форца“, за сите идеи што ми ги дадоа, и за пораките кои ги носам со себе, до крајот на битката за право и правда“, напиша Давкова на ФБ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток