Македонија

Убиен криминалец баран со потерница во тетовско – пукотници меѓу полицијата и осомничен за убиство

Полицијата смртоносно застрела едно лице при обид за негово апсење во тетовското село Гајре. Полицајците се обиделе со налог да го уапсат мажот, а тој се обидел да избега. Во еден момент, тој пукал кон нив, но не се предавал.

На ова возвратиле полициските службеници. Била повикана и Брза помош, но лицето барано со потерница, починало на пат до болница.

Овој настан е поврзан со убиството на 5-ти јули во Тетово, кога 40-годишен маж беше убиен во пукање на улицата „Штипска“.

Полицијата го барала сега починатиот бидејќи бил главен осомничен за ова убиство, кое е дел од конфликт меѓу две криминални групи.

На почеток