Борба за фотелја: Циркузијада пред ССМ
Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, по речиси седум години од смената, од нигде никаде се појави пред зградата на ССМ да држи прес конференција
На пресот му упадна актуелниот претседател на ССМ Слободан Трендафилов.
Меѓусебно се обвинуваа кој повеќе се грижи за работниците.
Екс претседателот го обвинуваше актуелниот дека ја замајува јавноста и ништо не презема за зголемување на минимслните плати, а со ССМ се прави невиден скандал.
Трендафилов пак, тврдеше дека ССМ е репрезентативен синдикат и дека остануваат на барањето за зголемување на платите.
,,Ние како чесни синдикалци ќе бараме зголемување на платите и ќе бараме врз основа со легитимните синдикати да направиме реален социјален дијалог со кој ќе утврдиме зголемување на платите на начин како што е утврдено во нашето законодавство, а не повикување на нешто што е спротивно на сите стандарди”, рече Митревски.
Тврди дека е нелегитимно сменет од функцијата со решение потпишано од поранешната министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски.
,,Мене ми е многу жал што претседателот Митревски се уште живее како да е 2017 година, кога бил сменет од функцијата. Од тогаш до денеска се поминати повеќе од шест години. Ние како ССМ остануваме на ставот дека платите во Македонија мора да се зголемат. Политичките памфлети, политичките напади врз претседател на ССМ, врз ССМ како организација, врз работниците ги отфрламе и сметаме дека се крајно несериозни”, рече Трендафилов.
Митревски беше претседател на ССМ до 2017 година, цели седум години кога функцијата. со протести и големи тензии ја презеде Дарко Димовски.
Синдикалните лидери цело време ронат солзи за правата на работниците, но сите сакаат да се долговечни во синдикалните фотелји.
Зборуваат за туѓи плати, но не обелоденуваат колкави се нивните плати и привилегии.