(Видео) Петмина цивили загинаа во украинскиот напад на Белгородската област во Русија, меѓу повредените има и деца
Пет цивили загинаа, а 12 се ранети во украинското гранатирање на градот Ракитноје во руската област Белгород, објави гувернерот на регионот во југозападниот дел на земјата.
Меѓу повредените има и три деца, изјави гувернерот на Белгородската област, која граничи со Украина, Вјачеслав Гладков.
Руските региони кои граничат со Украина се повеќе се мета на Киев од почетокот на офанзивата на украинската армија на 6 август во Курск, кој се наоѓа веднаш до Белгород.
Во средината на август, Москва најави испраќање дополнителни сили во регионот Белгород, каде што беше прогласена вонредна состојба, по што од 19 август дојде до евакуација на пет села кои граничат со Украина.
🇺🇦⚔️🇷🇺 Late at night, Ukrainian formations of the Kiev regime carried out another vile and cynical shelling of the border area of the Belgorod region. This time, the village of Rakitnoye got it.
At least five civilians are currently known to have been killed. Another 12 people… pic.twitter.com/GDBUEroVGS
— dana (@dana916) August 25, 2024