(Видео) За Арсовска молчењето е злато, но на лагата и се кратки нозете…


Скопската градоначалничка Данела Арсовска четири дена нема одговор на прашањето зошто ја излажа јавноста, но и на прашањето дали ваков политичар треба веднаш да се повлече од функцијата. Како и вообичаено, и овојпат, наместо објаснување, добивме игнорирање на прашањата од граѓаните. Остана нејасно, зошто на прес-конференцијата пред десетици камери и цела македонска јавноста, криеше дека формирала комисија за да го преиспита долгото боледување на разрешениот, па вратениот секретар во Град Скопје, Зоран Глигоров.
„Скопје1“ уште во петокот на пладне, покрај потсетувањето дека поканата за гостување во поткастот „Претрес со Ландов“ останува, ја праша и: „Дали сметате дека секој политичар што ќе ја излаже јавноста, треба да се повлече од фукцијата?“. По два часа, откако како и вообичаено не добивме одговори, поставивме ново прашање: „Зошто негиравте дека имате формирано комисија за проверка на боледувањето на Глигоров, кога постојат документи кои го потврдуваат тоа?“. Помина викенд, но ниту стартот на новата работна недела не ги донесе одговорите.
Арсовска на прес-конференцијата побара докази, а на прашањето за тоа дали форимирала комисија, одговори: „Не сум формирала, не“. И го пративме и на порака решението според кое се преиспитува привремената спреченост за работа на Глигоров, кое таа го потпишала. Добивме игнорирање.
Владеењето на Арсовска без никаква транспарентност, каде градот повеќе наликува на компанија во приватна соспственост трае речиси цел мандат. Освен ПР текстови за да си каже тоа што таа сака, речиси и да нема медиум што добива одговори од Град Скопје на прашања кои граѓаните ги поставуваат и се јавен интерес. „Скопје1“ има пратено над 15 мејлови со теми од јавен интерес – на кои со месеци нема одговори.
