Скопје

Полицијата со засилени контроли го тресе Скопје

Во текот на вчерашниот ден и денеска (24/25.08.2024) полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбедно Скопје при што на повеќе од 20 локации беа легитимирани 126 лица, кај 64 од нив бил извршен и преглед.

Преглед бил извршен и на 54 моторни возила и два мотоцикли. Лишени од слобода биле четири лица по член 215 од Кривичниот законик. Констатирани биле три прекршоци од Законот за оружје, а едно лице било приведено бидејќи било барано со судска наредба.

На почеток