Хаос на карневал во Велика Британија: Има мртви и повредени
Вкупно осум лица се избодени со нож, а повеќе од 230 се уапсени за време на годишниот Карипски карневал во лондонскиот Нотинг Хил, соопшти денеска британската полиција.
Како што се наведува, полицијата ги искористила сите свои овластувања за да спречи дополнително насилство, при што биле пронајдени три огнени оружја – две на карневалот и едно при запирање на возило, пренесува Sky News.
Полицијата соопшти дека две од осумте повредени се во животна опасност, а меѓу нив е и 32-годишна мајка која на карневалот била со мало дете.
Меѓу уапсените има 37 кои ги нападнале работниците од итната помош и осум кои извршиле сексуални престапи, како и девет за поседување дрога од класа А и 40 за поседување дрога од класа Б.
За време на карневалот биле нападнати 18 полицајци
Карневалот во Нотинг Хил, кој започна во 1960-тите, е една од најдолгите улични забави во Велика Британија, која се одржува во последната недела и понеделник во август, а кулминира со голема парада со костимирани изведувачи, музика и танцување.
Главната идеја на карневалот е обединување на мултинационалната заедница и крај на расните конфликти.
Годинава карневалот го обезбедуваа околу 7.000 полицајци.