Путин е подготвен да му помогне на Павел Дуров


Русија е подготвена да му пружи правна помош на ко-основачот на платформата Телеграм, Павел Дуров, кој е приведен во Франција, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Се разбира, имајќи го предвид неговото (на Дуров) руско државјанство, ние сме подготвени да ја пружиме потребната помош, но она што ја комплицира ситуацијата е фактот дека тој е и француски државјанин“, изјави Песков за новинарите.
Утре му истекува притворот на Павел Дуров, а претходно мора да се појави пред судот или ќе биде пуштен на слобода.
Поради обвинувањата за кршење на слободата на говорот, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека притворот на Дуров не е политичка одлука.
Основачот на Телеграм, кој има француско државјанство, беше приведен во саботата вечерта на аеродромот во Париз Бурж, веднаш по излегувањето од приватниот авион со кој летал од Азербејџан.
Според соопштението на обвинителството во Париз, властите ја истражуваат вмешаноста на Дуров во прикривање информации за нелегални активности на интернет, вклучително и дистрибуција на детска порнографија и трговија со дрога.
Според медиумите, бизнисменот може да се соочи со затворска казна до 20 години.
Од руската амбасада во Франција за Риа Новости изјавија дека француските власти досега одбивале да соработуваат со притворот на Дуров.
