8-годишно девојче се удавило додека пливало во Јадранско Mоре


Осумгодишно девојче од Германија се удавило додека пливало во Јадранското Море во близина на одморалиштето Бибионе, источно од Венеција.
Малена била на одмор со семејството кога очигледно имала проблем додека пливала и се удавила.
Другите капачи, кои биле во близина на осумгодишното девојче, набрзо забележале дека нејзиното тело лебди по водата и дека детето не се движи.
Веднаш го вклучиле алармот, поради што на местото на настанот излегле карабинерите.
Спасувачите го одвлекле безживотното тело на девојчето до плажата и почнале со реанимација.
Хеликоптер долетал на местото на настанот, но по еден час реанимација, била констатирана смрт, пренесува Билд.
Според италијанските власти, девојчето било на одмор со родителите и отишло во плиткото да си игра.
Сепак, никој не знае како се удавило дете кое знае да плива. Се сомнева дека имала здравствени проблеми, пишува Телеграф.
Карабинерите моментално ја истражуваат смртта на девојчето.
